Ковачевски: Бугарите во Македонија може да побараат да бидат дел од Уставот
Постојат држави како што е Република Северна Македонија каде што индивидуалните права се остаруваат колективно, рече премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес конференција во Софија со премиерот на Бугарија Кирил Петков.
„Во нашиот устав освен македонскиот народ има и албански народ и другите кои ги сочинуваат другите заедници кои се дел од уставот и нормално доколку и други граѓани во државата кои што се самоопределуваат на друг начин и тие може да побараат да бидат дел од Уставот на РСМ“, изјави македонскиот премиер Димитар Ковачевски.
Тој објасни и пред бугарските медиумите дека тоа е процес кој што поминува низ уставни измени, кој што има повеќе чекори во кои се вклучени повеќе институции.
„Доколку тоа се случи, а нормално дека такво нешто се случува на патот на една држава кон ЕУ, бидејќи тогаш се отвора уставот со цел и други адаптирања се направат. Тогаш низ тој процес секако дека ќе бидат опфатени и тие прашања врз основа на барањата на граѓаните“, истакна Ковачевски.
Ново на Сител
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања