Во Прифатниот центар во Гевгелија за 24 часа примени 1.305 мигранти

По нормализирањето на транспортот на мигрантите од јужната кон северната граница на Македонија, изминативе 24 часа во Прифатниот центар во Гевгелија биле примени 1.305 мигранти.
Како што соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи од Гевгелија, 564 лица биле од Сирија, 520 од Авганистан и 221 од Ирак. Дел од нив, поточно 637 биле транспортирани за Табановце со еден воз од шест вагони.
Во моментов ситуацијата во и околу Прифатнииот центар во Гевгелија е мирна. Во кампот има уште 670 мигранти кои чекаат да бидат евидентирани и во текот на денот да го продолжат својот пат кон саканата дестинација.
Екипата на Јавната здравствена установа Гевгелија извршила шест интервенции, од кои пет во кампот и една во општата болница. Против црвен тифус биле вакцинирани 45 лица, ангажирани на одржување на хигиената и била извршена дезинфекција на површина од 2.200 метри квадратни.
Црвениот крст во последното деноноќие на мигрантите во Прифатниот центар во Гевгелија им поделил 996 шишиња вода, 160 пакети со храна, 123 ќебиња, 339 јакни и 600 пара ракавици.
Ново на Сител
-

Со „рено“ удрил во 69-годишна жена па избегал
-

Трамп и Нетанјаху ќе се сретнат седми пат годинава
-

Кривична за советник од Штип: Барал пари „на рака“ од граѓани за пасоши, па си ги ставал во џеб
-

Стабилна е состојбата на повредениот во синоќешната сообраќајка кај Белви
-

ДИК едногласно усвои шест одлуки на првата седница
-

Владата одлучи: Контрола на сите плантажи за канабис
-

СДСМ: 11 дена молк за марихуаната
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев ја претворија Македонија во нарко картел
