Македонија
1. January 2022 - 16:49

Организирани прослави и големи очекувања од Новата година

Поклопувањето на стрелките на часовникот и традиционалниот огномет над скопското небо го означи почетокот на новата 2022 година.

Без разлика од каде и да беа дојдени луѓето, во сите од нив тлееше надеж нова година да биде посреќна и поусшена од претходната.

Со песните од македнски изведувачи, греено вино и радост на лицата, од плоштадот Македонија кон небото полетаа и желби со заминување на старата година да замине и пандемијата и сите потешкотии што нејзиниот присуство ги наметна во изминативе 2 години.

Иако годинава споредбено со претходните, помал беше бројот на граѓани кои се одлучија  најлудата ноќ да ја дочекаат на плоштадот, сепак таму се чувствуваше новогодишната еуфорија за разлика од кафулиња каде сликата беше поинаква. И покрај тоа што немаше допонителни рестрикции,  наместо за вечерни овие угостителски објекти се одлучија да организираат попладневни журки.

Поради притисокот од кризата која ја наметна кодив 19, годинава градот се одлучи да штеди, па така за новогодишната програмата се погрижија 3 општествено одговорни компании.

Инаку и  покрај апелите на министерството за внатрешни работи, најлудата ноќ не помина без употреба на пиротехника.