Митева: Во ваков траурен миг не треба да се размислува за промоција, потребна е одговорност
Денес власта на срамен, недоличен и со нечовечки пристап прави церемонија со пренос во живо од транспортот на починатите. Згрозени сме, наместо да покажат почит кон починатите, Забрчанец не се воздржува од себепромоција па на социјалните мрежи објавува фотографии со наслов: Одиме во живо наскоро. Ова е невкусно, во ваков траурен миг не треба да се размислува за промоција туку потребна е одговорност. Нема никаков одговор за автобуската несреќа, се уште се обидуваат да ја зачуваат власта преку одржување на нивната неспособна коалиција, а бугарските власти веќе дадоа првични информации по спроведената истрага.
Според бугарските обвинители и истражители позната е причината за несреќата. Согласно информациите во медиумите констатирано е дека автобусот бил стар и „репариран“ во Турција и дека целата опрема му е заменета, а допрва треба да се разјасни кои од деловите биле оригинални, фабрички, а кои не. Овие информации само ги потврдуваат претпоставките кои пред неколку дена на прес-конференција ги поставивме како прашања до СДСМ.
Власта треба да одговори дали е вистина дека автобусот фабрички бил наменет за превоз на 49 патници и како таков е увезен и возилото првично е регистрирано на прилепски таблици, за по неколку дена автобусот да е препродаден и пререгистриран на скопски регистарски таблички? Дали согласно историјатот на промени на регистарски број и орган на регистрација автобусот е регистриран на прилепски таблички на 13.10.2020 година и само после два дена, на 15.10.2020 е направена промената на скопски регистарски таблички?
Дали согласно историјатот на промени на носивост, број на места за седење автобусот има 49 седишта на 14.10.2020 година, а промената на 54 седишта е направена на 08.02.2021 година? Дали само после неколку месеци во сообраќајната дозвола намената односно носивоста му пораснала на 54 патници односно за повеќе од 10% од фабрички утврденото? Кој имал направено хомологација – атест и го одобрил тоа? Дали поради оваа сомнителна промена автобусот не можел да добие соодветна лиценца за меѓународен транспорт?
Ова се сериозни индикации за сторена злоупотреба и доколку е вистина одговорност мора да понесат сите од власта затоа што поради пропустите во системот 45 граѓани ги загубија своите животи.
СДСМ и ДУИ мора да запрат со добро позната тактика која ја применуваат за префрлување на вина, а одговорност од никого. Ниту еден од нив не понел одговорност за случувања кои се под нивна надлежност во институцијата што ја раководат, а имаат должност и обврска да водат сметка за начинот на раководење и за резултатите од тоа. Оставките и ослободување на институциите се механизми за понесување политичка одговорност, кога веќе ја немаат моралната одговорност
Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра