Бајиќ: Шпанците нè „прочитаа“
– Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Драган Бајиќ истакна дека поразот од светскиот првак Шпанија (65:94) на стартот од мундијалските квалификации е реален одраз на квалитетот меѓу двете селекции.
– Сакам да им честитам на Шпанците за заслужената победа, а и да се заблагодарам на публиката за поддршката. Од играта во првото полувреме сум доста задоволен, но она што го најавив и пред натпреварот е за квалитетот на противникот. Тоа и се покажа на теренот во вториот дел од натпреварот.“, изјави Бајиќ на синоќешната прес -конференцијата по натпреварот.
– Почнавме да играме брзоплето и се изгубивме на теренот. Си дозволивме да изгубиме топки и Шпанија да добие лесни поени. Мислам дека тие во вториот дел влегоа многу поагресивно. Ги ’прочитаа‘ нашите проблеми и знаеја лесно да одговорат, но тоа е силниот состав од калибарот на Шпанија. Резултатот од овој натпревар не е важен, важен е карактерот на играчите кои се доста борбени. Во периодот што следи мора да најдеме решение за проблемите кои ги воочивме денес и да го градиме тимот за тоа што не очекува во периодот што следи како за овие квалификации за Светското Првенство, така и за Евробаскет, додаде македонскиот селектор. Бајиќ посебно ја истакна добрата игра во македонскиот дрес на тинејџерот Теодор Симиќ, и наведе дека во националниот тим има потенцијал за добри резултати во иднина.
– Не е убаво да се изгуби натпревар, но треба да бидеме реални за составите на двата тима. Ги предупредив играчите уште во соблекувалната за цврстината на нивната одбрана, на играчите кои играат во Уникаха и во Валенсија. Знаев дека ако сакаме да го добиеме Тео Симиќ како играч мора да му дадеме шанса. Не само со него, туку и со другите играчи кои се млади и потенцијални за националниот тим. Во екипата владее позитивна атмосфера и среќен сум што сум дел од неа, рече Бајиќ на прес-конференцијата.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата