Во Драч запленети над 10 килограми кокаин, скриени во контејнери со банани
Во најголемото албанско пристаниште Драч, откриена и запленета е нова количина на кокаин, во контејнер со банани нарачка за компанијата „Alba Exotic Fruit” од Тирана.
Полицијата информираше дека била извршена детална контрола во два од контејнерите натоварени со банани, кои пристигнале од Еквадор, во име на споменатата компанија.
„Како резултат на деталната контрола, во последниот дел, на капаците на моторите за ладење во двата контејнера, пронајдена и запленета е количина од 10 килограми и 185 грама сомнителна наркотична супстанција кокаин“, објави полицијата.
Се додава дека ова е последователна количина на кокаин откриена од властите во ова пристаниште а петта по ред во контејнери за спомената компанија.
Претходно, при контрола на контејнерисо банани, натоварени исто така во Еквадор, на 13-ти, 23-ти и 30 – ти јули и 7 септември беа откриени вкупно 34 килограми кокаин сите нарачка на компанијата „Alba Exotic Fruit”, чиј сопственик е во бегство а во притовор е менаџерот на компанијата.
Количина од 7 килограми кокаин беше откриен на 7 август во контејнер натоварен со морска храна исто така во Еквадор, во име на компанијата „Fish Co Tirana”. На 18 јуни беа запленети 324 килограми кокаин, во камион натоверен со железо со крајна дестинација Италија, со кој управувал Н.А. македонски државјанин.
Од март до сега, спорд полициски извори само во ова прстаниште запленети се над 1,5 тони кокаин.
Ново на Сител
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист
-
Во пресрет на летнаta сезона Албанија има потреба од над 2.000 туристички работници
-
Притвор за две лица, нападнале полициски началник во дискотека во Кавадарци
-
Еден убиен во нова нарко пресметка кај бриселската метро станица „Клемансо“