Нови детали за убиството во Велес: Му била трета жена и често ја малтретирал
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски денеска изјави дека утрово во 5 часот е лишена од слобода 23-годишната П.И. под сомение дека му нанела убодна рана на невенчаниот сопруг.
– Утрово во 05 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода 23-годишната П.И. од Велес поради сомнение дека околу 02:20 часот во семејната куќа на ул „Максим Горки“ со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот невенчан сопруг А.Р.(40) по што починал, изјави Додевски.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид на местото на настанот и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Соседите велат дека кобната ноќ не чуле ништо, но сведочат дека полицаецот наводно ја малтретирал жената.
„Ништо сомнително не слушнавме, не се случуваше, ниту гужва, ниту повици за помош. Тој беше полицаец, живееја заедно 4-5 години, но не беа во брак. Таа работеше во Дрекселмаер. Тој живеел во Шорка и ова му била трета жена. Но ја малтеритраше. Пред некој ден купија санитарија за купатило, по три дена истата беше фрлена во двор и искршена. И децата од пет години на маало му пречеа“ - велат соседите, пренесува порталот „Ти реков ми рече“.
Ново на Сител
-

Почина бабата која беше брутално претепана од својот внук во Битола
-

Албанскиот Парламент го ратификуваше договорот за пристапување кон Одборот за мир
-

Трамп го претстави логото на Одборот за мир, слично на ОН но со повеќе злато
-

Агелер до македонските граѓани: САД секогаш ќе бидат покрај вас
-

Туск: Важно е САД да ја сфатат разликата помеѓу доминација и лидерство
-

Мицкоски пред инвеститори во Давос ги презентирал проектите „Бошков Мост“ и „Чебрен и Галиште“
-

Невремето „Хари“ предизвика огромни штети во Италија
-

Трамп по средбата со Зеленски му порача на Путин: Војната во Украина мора да запре
