Над 20 убиени во исламистички напад во Буркина Фасо

Најмалку 20 лица се убиени, а 15 повредени во напад на исламисти врз ресторан и хотел во главниот град на Буркина Фасо, јавуваат локалните власти.
- Немаме точна бројка на мртви, но има најмалку 20 лица, изјави директорот на болница во Уагадугу Роберт Сангаре.
Во пресметка со исламистите е погоден и еден полицаец, кој се обидел да влезе во хотелот „Сплендид“, каде биле напаѓачите.
Претходно полицијата и очевидци јавија дека безбедносните сили на Буркина Фасо се судриле со исламисти пред хотелот „Сплендид“ во главниот град на земјата.
Одговорност за нападот презема групата „Ал Каеда“ од исламски Магреб.
Францускиот амбасадор во Буркина Фасо Жил Тибо, соопшти дека во главниот град е воведен полициски час, како и дека во амбасадата е формиран кризен штаб за своите граѓани во земјата, која е поранешна француска колонија.
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува глобално – скок до 81 отсто во некои земји
-

Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица
-

Кенеди: Трамп знае прецизно да ги нацрта границите на Блискиот Исток
-

Зеленски: Русија неделава употреби над 3.000 дронови и 1.450 авиобомби против Украина
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
