Груби: Жалам што албанската опозиција продолжува со приказната за едно Скопје на левата и друго на десната страна на Вардар
Во првите реакции на социјалните мрежи поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците покажуваат дека не се многу ентузијасти и не се многу среќни за постигнувањето на Коалицијата 27, истакна првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан груби.
Тој посочи дека Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса за Албанците и Алтернатива за локалните избори популарно на социјалните мрежи се нарекува Коалиција 27.
-Тоа е така затоа што беше постигната на 27-ми овој месец и наликува на еден друг неславен 27-ми во историјата помеѓу тие две политички партии. Им посакувам многу успех, и се надевам дека гласачите на Алијанса со цел ентузијазам ќе гласаат за Никола Груевски, всушност за Христијан Мицкоски. Исто така, гласачите на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат со цел ентузијазам и цело срце за Зијадин Села низ сите општини каде ќе се натпреваруваат. Очекувам да го објават договорот и да ги видам реакциите на нивните гласачи, потенцира Груби во одговор на новинарско прашање при денешното означување на почетокот на тендерската постапка за изградба на клучка на крстосницата меѓу булеварот „Словенија“ и „Качанички пат“.
Изрази жалење што албанската опозиција, како што кажа, продолжува со приказната за едно Скопје на левата страна и за друго Скопје на десната страна, за едно Скопје за едните и за едно Скопје за другите, поддржувајќи кандидат на ВМРО-ДПМНЕ преку евтин трик на независна кандидатура, а не поддржува приказна за Скопје цело за сите.
-Жалам што не поддржува да нема лева и десна страна на Вардар, да се развива како едно Скопје, туку се постројува зад Скопје 2014. Впрочем и денешната албанска опозиција беше автор на Скопје 2014 во 2007 година во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, така што ова е продолжение на целата романса на моноетнички проекти, посочи Груби.
Ново на Сител
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани проблемите, наскоро конкретни мерки
-

Ја нападнал поранешната партнерка, па и полицаецот што дошол да интервенира - приведен охриѓанец
-

Охриѓанец приведен за производство и дистрибуција на детска порнографија
-

190.000 евра месечно највисоката плата во Македонија – над 2,2 милиони евра годишно
-

Лазаров го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата
