МЗ: Вчера 13.303 граѓани се вакцинирале против Ковид-19

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 695.525 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.123 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.303 граѓани.
Како што соопшти Министерство за здравство, во државата вкупно се аплицирани 1.207.515 дози вакцини, а ревакцинирани се 511.989 граѓани.
Со последните бројки, 70 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 69 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, а 65 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Вкупно 56 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.
Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.
-Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од неа, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Зеленски: Се надевам дека разговорите ќе донесат мир што е можно побрзо
-

Путин и Трамп не ја поддржуваат европско-украинската идеја за привремено примирје, соопшти претставник на Кремљ
-

Вардар предложи јужната трибина да го добие името Васил Рингов
-

Реакција на ЗНАМ
-

Трамп изјави дека имал „многу продуктивен“ телефонски разговор со Путин пред средбата со Зеленски
-

Граничниот премин Евзони од пладне затворен за сообраќај
-

Трамп и Зеленски по средбата ќе имаат телефонски разговор со европските лидери, соопшти портпаролот на украинскиот претседател
-

Прегазен 31-годишен пешак во Скопје
