Од Ковид-19 почина пациент во дебарската болница
Во Општата болница со проширена дејност во Дебар, почина повозрасен пациент, кој десеттина дена бил хоспитализран, што е деветта жртва од опасниот вирус овој месец.
Според директорот на оваа установа Баки Алили, за МИА потврди дека бројот на хоспитализирани е 29 пациенти при што над 86 отсто се на кислородна подршка.
-Во Ковид центарот во инфективното одделение хоспитализирани се 18 пациенти, сите на кислородна подршка. Во хирушкото одделение, кое од пред неколку дена, поради потребата од хоспитализации е пренаменето за ковид пациенти, болнички се третираат 11, од нив седум се на кислородна подршка. Од вкупната бројка 20 отсто се помлади од 45 години, изјави Алили.
Додава дека дневно амбулански се лекуваат 20 лица, кои по добиената терапија, малку одмораат и заминуваат во своите домови.
Според официјалната статистика вкупната бројка на заразени, во оваа и општина Центар Жупа, од почетокот на пандемијата е 1210, од кои овој месец 247 а моментно активни на болеста се 201 лице.
Директорот Алили, исто така рече дека процесот на вакцинација продолжува непречено и оти денеска аплицирани се над 300 вакцини, главно Фајзер, за која се определува помладата популација.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава