УХМР: Пороен дожд на повеќе места, од утре до вторник стабилно и потопло
Времето претпладнево е облачно и нестабилно и на повеќе места има пороен дожд и грмежи. Во изминатите 24 часа, седум литри дожд на квадратен метар наврнал во Прилеп и шест во Тетово.
УХМР соопшти дека локално врнежите се во форма на невреме, со засилен ветер и појава на град. До крајот на денот врнежите ќе престанат и ќе се повлечат кон југоисток.
Максималната температура денеска ќе биде во интервал од 19 до 31 степени.
Во Скопје е променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд и грмежи и има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер. Максималната температура ќе достигне 30 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека од утре до вторник времето ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура.
В среда повторно ќе има појава на локален пороен дожд со грмежи и засилен ветер, а во четврток, претежно на планините, ќе има услови за краткотраен дожд.
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро