Владата ќе ја одржи 87. седница
Владата на Република Македонија денеска напладне ќе ја одржи редовната 87-ма седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На седницата, на предлог на Министерството за внатрешни работи ќе се разгледуваат повеќе точки, меѓу кои Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за полиција и Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за внатрешни работи, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
На предлог на истото Министерство, според дневниот ред, пред министрите ќе се најде и Предлогот на стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2021 – 2023 година, со Акциски план.
За донесените одлуки и заклучоци од денешната Владина седница, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.
Ново на Сител
-

Арагчи повторно ќе го посети Пакистан
-

Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
-

Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче
-

Чернобил - 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот
-

Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран
-

Напаѓачот од Вашингтон призна дека мета му биле американските политичари
-

Сончево со локална облачност
