Замрзнат имотот на Рашковски и неговите малолетни деца
Судот го замрзна имотот кој Рашковски им го префрли на своите деца и му го продолжи куќниот притвор. На барање на надлежниот обвинител, замрзнати се и пари на трансакциска сметка со која Рашковски имал овластување да располага. Освен имотот на Рашковски, под блокада е и имот на фирмата чие возило го управуваше поранешниот владин генсек.
„Уважувајќи го барањето, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје донесе Решение за привремена мерка со кое спрема едно од осомничените лица е определена привремена мерка – забрана за располагање со средства од сметка на која осомничениот како физичко лице има овластување да располага. Со истото Решение спрема две малолетни лица, на кои првоосомничениот во предметот е законски застапник, е определена привремена мерка – Забрана за оттуѓување или оптоварување на своите недвижности или стварни права кои врз недвижноста се запишани во корист на законскиот застапник, со прибелешка на таа забрана во јавна книга или да ги даде под закуп. Воедно, спрема едно правно лице во сопственост на трет осомничен судијата на претходна постапка определи привремена мерка – Забрана за отуѓување или оптоварување на движни ствари.“ – стои во соопштението на Јавното обвинителство во кое се наведува дека државата од Рашковски бара оштета од речи се 290.000 евра.
Рашковски на крајот од април беше притворен во Шутка а по нешто повеќе од месец дена поминати зад решетки беше префрлен во домашен притвор. Обвинителството го гони за серија сомнителни постапки за јавни набавки поврзани со софтвери за полагање на државни испити и за контрола во сообраќајот.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
