На жител на Одри во Теарце му го украле автомобилот
Педесет и пет годишен жител на Одри вчера половина час пред полноќ во полиција пријавил дека околу 23 часот му било одземено неговото патничко возило „опел корса“, со тетовски регистарски ознаки, кое го паркирал незаклучено во тетовско Теарце. Од полицијата апелираат да не се оставаат возила незаклучени или со клучевите во брава.
– На тој начин возилата стануваат мошне привлечен „плен“ за крадците, кои обично набрзина ги одземаат и уште побрзо се оддалечуваат од местото. Ова, посебно ако возилата се оставени во неосветлени, споредни и нефрекфрентни улички, а поради што Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до нивните сопственици задолжително да ги заклучуваат и да не ги оставаат клучевите во брава, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Портпаролот потенцира исто така, на седиштата во возилата да не оставаат таблети, лап-топ компјутер, мобилни телефони, несесери, очила за сонце, кожна галантерија, накит или други скапи предмети, кои во голема мерка можат да ги привлечат крадците и да ги поттикнат на насилно провалување.
Од СВР Тетово информираат и дека се реализираат повеќе превентивни активности за заштита од тешки кражби во куќи, станови и моторни возила, кои се најчестите места каде се вршат вакви кражби, зависно од вкупните епидемиолошки и други состојби на поширокото тетовско-гостиварско подрачје.
Ново на Сител
-

Според најновиот индекс македонскиот пасош е подобро рангиран од Албанија, БиХ и Турција
-

Путин: Меѓународната ситуација се влошува, светот станува сè поопасен
-

Општина Кавадарци повика заинтересираните да се пријават за Водици
-

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Барселона поради закана со бомба на патник
-

ЕУ воспостави нов механизам за ограничување на цената на руската нафта
-

Лабрадор вклучен во терапевтскиот процес на Клиниката за психијатрија
-

Бруно Фернандеш нема да го напушти Манчестер јунајтед во јануари
-

Полска со порака до Трамп за Гренланд: Нападот на сојузниците би бил крај на светот каков што го знаеме
