Loading Video...
Тенис
24. јуни 2021 - 17:31

Mакедонските тенисери поразени од Сан Марино во натпреварите од Дејвис Купот

Македонската тениска репрезентација го претрпе првиот пораз во натпреварите од четвртата група од Дејвис Купот.
 
Откако во првите две рунди нашите тенисери беа беа подобри од селекциите на Косово и Андора, денеска македонската Дејвис куп селекција е поразена. Во ракмките од 3.коло на турнирот што се игра на трените на ТК „Југ“ во Скопје, Македонија загуби со 1:2 Сан Марино. 
 
Иако во првиот меч Калин Ивановски во два сета со идентични 6-3 го совлада Стефано Галвани,. Сепак следните два меча им приопаднаа на противниците.
 
Три сета се одиграа на вториот меч во кој Горас Србљак беше совладан од Марко Де Роси со 1:2 по сетови 1-6, 6-3 и 6-1
 
И во решавачкиот меч во двојки тенисерите од Сан Марино славеа со 2:1 иако првиот сет го доби нашиот тандем Калин Ивановски и Стефан Мицов и тоа со убедливи 6-1, сепак во следните два сета освоја три односно два гема (3-6 и 2-6)
 
Уште нашите тенисери ќе имаат слободен ден по што во сабота ќе следува дуелот со Молдавија