ВМРО-ДПМНЕ: Планот за живот на СДСМ го зголеми иселувањето од државата
Планот за живот на СДСМ, наместо живот донесе уште поголемо иселување на младите и уште поголема сиромаштија. Го нема ветуваниот раст, јавниот долог расте, капитални инвестиции нема.
Во вакви услови, се менуваат и даночните политики. Власта повотрно зборува за напуштање на рамниот данок и воведување на прогресивен, а според професорот Трајко Славески тоа не се прави со чесни намери и нема да ја зголеми еднаквоста во земјава. Менување на даноци и поскапување на струјата е уште еден чекор кон зголемување на сиромаштијата во земјава, предупредува опозицијата. И во вакви услови, се турка образовна реформа која е многу скапа и за државата, а посебно за семејтвата кои имаат ученици, вели професорката Весна Јаневска.
Досегашните постигнувањеа на власта во повеќе области денеска опозицијата ги анализираше на трибината „4 години Заев, 4 години украден живот, доста е“.
-

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар
