Власта и опозицијата очекуваат од ЕУ да ги исполни ветувањата
И власта и опозицијата очекуваат Европа да ги испорача ветеното и да овозможи старт на преговорите ова лето. По средбата Пендаровски Радев која ја оцени како затоплување на односите, Премиерот Заев во интервју за Фокус вели дека Македонија нема проблем да и ги испорача на Бугарија сите неопходни гаранции за Софија да ја тргне блокадата од интергративниот пат. Сепак, како што вели премиерот, и Македонија има свои црвени линии.
„Можам да кажам само свое мислење. Но, знам дека сум претседател на Владата со огромна одговорност и чест и знам каде се и кои се нашите црвени линии, и дека не можам ниту јас, ниту некоја друга влада, или пак, Унијата да менуваат работи кои не се дозволиви за нив да се разговара, а камоли, да се менуваат. Зборувам за нашиот идентитет и јазик“ – вели Заев.
И опозицискиот лидер денеска од Прилеп порача дека јазикот и идентитетот се точки за кои не може да се разговара. Упати порака до Заев но и до Бугарија дека евентуален договор кој ќе биде на штета на македонските национални интереси, идната Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги почитува. Вели Македонија стартот на преговорите го има одамна заслужено.
Самитот на Европската Унија на кој ќе се носи финалната одлука за старт на преговорите со Македонија е закажан за 22 јуни.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
