-->
-->
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 149 пациенти, слободни кревети има
-->
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 149 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 17 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 5 пациенти, во Велес се лекуваат 12 болни, а во Куманово 30 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 24 пациенти, во Прилеп 9, во ковид центарот во Гостивар 1, а во Струга 10 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациент, во Кочани 3 во Кичево 7, Кавадарци 3, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 249 и има околу 538 празни болнички кревети во ковид центрите.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Со почит,
Одделение за односи со јавност
Министерство за здравство
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ