Македонија
7. January 2016 - 16:38

Шест лица заработија кривични пријави во акцијата "Гора"

Полицијата поднесе четири кривични пријави против шест лицa, во рамки на оперативната акција “Гора”, во која се запленети 18 метри кубни огревно дрво. Единицата за економски и компјутерски криминал открила дека при нелегалната сеча и трговијата со огревно дрво, крадците сториле девет кривични дела, а причинетата штета е проценета на околу 100.000 денари.

Во првиот случај поднесена е кривична пријава против 53 годишнен скопјанец  за извршено кривично дело „кражба“.

Во останатите три случаи кривични пријави добиле и двајца шумски полицајци  за - “злоупотреба на службена положба и овластување“ и “фалисфикување на патна исправа”. Едно лице е обвинето за помагање, а двајца кривично пријавени се теретат за “кражба” и за “фалсификување или уништување деловни книги“.