Публиката се враќа на спортските натпревари
Утре на владина седница се очекува да се расправа за враќањето на публиката на стадионите и спортските сали, откако во денешната препорака од Комисијата за заразни болести беа дадени нови препораки до Владата на РСМ, која на следната седница ќе треба да се изјасни за нив.
„Организирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно присуство на 30 % од целосниот капацитет“., гласи една од одредбите која денеска ја објави Кризниот штаб.
Во одредбата не се наведува дека станува збор за спортски натпревари, па затоа се очекува Владата на својата утрешна седница да даде и конкретна одлука, со надеж дека ќе биде дадено зелено светло за враќање на навивачите на трибините.
Први настани кои ќе добијат зелено светло за публика на трибини пред завршувањето на тековната сезона би биле завршните турнири од Купот на Македонија во ракомет и во кошарка.
Останува да се види и дали Владата ќе даде препорака да се дозволи и да се продолжи со тренинзи на младинските екипи.
Ново на Сител
-
Општина Струмица го напушта ЗЕЛС
-
Приведен разбојник во Скопје
-
Манчестер Сити постави рекорд во Лигата на шампионите
-
ВМРО - ДПМНЕ: Мицкоски ја фрли ракавицата кон СДС, останува да се види дали СДС ќе ја надмине политиката на водење на Македонија од ден за ден
-
Реакција од СДСМ за помилувањата од претседателката Сиљановска-Давкова
-
Стапуваат во сила новите пониски цени на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности
-
Волстрит Журнал: Доналд Трамп води со 47 наспроти 45 отсто пред Камала Харис
-
Флик: Ниту еден од моите тимови немаше играч како Рафиња