Прекината 38. седница, измените на Законот за попис на комисиска расправа
– Собранието попладнево ја продолжи 38. седница со две точки на дневниот ред, одложување на пописот што би се одржал од 5 до 30 септември, и измена на Изборниот законик со кој се предвидува употреба на терминали за отчитување на отисок од прсти на локалните избори, што исто така ќе бидат одложени за втората половина на октомври.
Претседателот на Собранието Талат Џафери информира дека на дневен ред на седницата се две точки по скратена постапка и образложи дека според Деловникот овие точки треба да се разгледуваат на матичните комисии, за европски прашања и за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија.
- Бидејќи работата на комисиите продолжува и не се создадени предуслови за да може да одиме на расправа по овие точки тука прекинуваме со работа со оваа седница. За продолжението на седницата дополнително ќе бидете информирани, што всушност зависи од работата на двете комисии, за европски прашања и за политички систем и односи меѓу заедниците, како матични комисии за овие точки и Законодaвно-правната комисија која исто така треба да ги разгледа двата законa, рече Џафери.
Додаде дека кога ќе има извештај дека комисиите завршиле со работа со овие точки, согласно времето и роковите, ќе бидат известени пратениците.
Пратениците претпладнево ја изгласаа потребата од донесување Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Севрна Македонија, 2021 година по скратена постапка, поднесен од Владата и Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, чии предлагачи се претставници од сите пратенички групи во Собранието.
Ново на Сител
-
Тројца скопјани физички нападнале 11 Турци во угостителски објект во Центар
-
Куче намириса 2 килограми кокаин на скопскиот аеродром | ВИДЕО
-
Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции
-
Ја голтнал дрогата што ја купувал кога видел полиција па завршил во болница
-
Кумановската полиција пронашла седумнаесет мигранти од Сирија
-
Почина еден од најуспешните винопроизводители во светот, Жозеп Ферер Сала
-
Нова промена на цената на горивата од полноќ
-
Зголемен бројот на туристи и на ноќевање