ВМРО-ДПМНЕ: Големата полициска акција заврши со заплена на 100 гр кокаин и апсење ситни „риби“
Јавна тајна е дека Спасовски и неговите луѓе со нарко картелите се во пакт, реторичко е прашањето кој ја проби полициската акција.
Секоја држава има криминалци, само во Македонија криминалците имаат своја држава.
Епската битка против сузбивањето на голема група на криминалци, шверцери и дилери на дрога која Спасовски гордо се пофали, заврши со заплена на минимално количество на дрога од дури 100 грама кокаин и уапсени ситни „риби“.
На главните криминалци, нарко-босови некој од власта им дојавил за акцијата и им дозволиле да побегнат.
Оливер Спасовски безобразно ја излажа целокопната македонска јавност дека акцијата „Планина“ со заплена од 100 грама дрога и пронајдени клучеви од автомобили е успешна.
Јавноста е сведок како Оливер Спасовски и функционери од СДСМ гордо се сликаат со нарко босовите на т.н акција „Планина“. Истите лица кои побегнаа и се спасија, се во друштво на Спасовски. Оној истиот Спасовски кои веќе 5 години е прв човек во министерството за внатрешни работи и нема реализирано ниту една успешна акција.
Оливер Спасовски и Вилма Русковска треба да одговорат кои високи функционери од МВР им дојавија на криминалците од Грчец и Арачиново дека се организира акција и им помогна да побегнат?
Нерасчистени убиства, претрелки сред бел ден, криминалците кои неприкосновено шверцуваат дрога низ учиците се секојдневие во Македонија и за ова никој нема понесено одговорност.
Заев и Спасовски се способни само за криминал. Македонија е закована на дното на сите реномирани светски извештаи за справување со криминалот и корупцијата. Одговорност за ваквото криминално однесување ќе има.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата
-
Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови
-
Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање
-
Хамас: Се интензивираат разговорите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа
-
Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик