Груби се сретна со градоначалникот на Тирана, Велиај
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби за време на престојот во Албанија, денеска оствари средба со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.
-На средбата, Груби му честита на Велиај за неговата работа и посветеност за Тирана и побара од него да го претвори ова негово темпо со кое работи за главниот град на Албанија, во успешен повик за дијаспората на Република Македонија со цел позитивно да одговори на процесот на пописот, што веќе е започнат на 1 март, соопшти Кабинетот на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.
Велиај од негова страна, се додава во соопштението, даде апел за регистрација на дијаспората на Република Македонија, бидејќи со оваа постапка тие исполнуваат морална и достоинствена обврска. Тој изрази голема почит за првиот вицепремиер Груби и ја поздрави неговата активност во рамките на Владата на Република Македонија.
-Исто така, на средбата, двајцата соговорници ја поздравија заложбата на дијаспората од Македонија, бидејќи досега за помалку од еден месец повеќе од 100.000 жители одговорија позитивно на поканата за регистрација. Груби и Велиај разговараа и за билатералната соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија и се согласија дека односите меѓу двете земји се одлични и дека тие секогаш ќе останат такви, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка