Македонија
22. March 2021 - 14:46

Груби се сретна со градоначалникот на Тирана, Велиај

 Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби за време на престојот во Албанија, денеска оствари средба со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.

-На средбата, Груби му честита на Велиај за неговата работа и посветеност за Тирана и побара од него да го претвори ова негово темпо со кое работи за главниот град на Албанија, во успешен повик за дијаспората на Република Македонија со цел позитивно да одговори на процесот на пописот, што веќе е започнат на 1 март, соопшти Кабинетот на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Велиај од негова страна, се додава во соопштението, даде апел за регистрација на дијаспората на Република Македонија, бидејќи со оваа постапка тие исполнуваат морална и достоинствена обврска. Тој изрази голема почит за првиот вицепремиер Груби и ја поздрави неговата активност во рамките на Владата на Република Македонија.

-Исто така, на средбата, двајцата соговорници ја поздравија заложбата на дијаспората од Македонија, бидејќи досега за помалку од еден месец повеќе од 100.000 жители одговорија позитивно на поканата за регистрација. Груби и Велиај разговараа и за билатералната соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија и се согласија дека односите меѓу двете земји се одлични и дека тие секогаш ќе останат такви, стои во соопштението.