Германско МНР: Турција испрати погрешен сигнал до Европа
Одлуката на Турција да се повлече од Истанбулската конвенција, наменета за заштита на жените од семејно насилство, испрати погрешен сигнал до Европа и жените во Турција, соопшти германското Министерство за надворешни работи.
„Ниту културните, ниту верските, ниту другите национални традиции не можат да бидат изговор за да се игнорира насилството врз жените“, изјави портпаролката на германското Министерство.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одлучи да се повлече од меѓународниот договор за заштита на жените, и покрај повиците на активистите кои сметаат дека документот е клучен инструмент во борбата против растечкото семејно насилство.
Иако во Турција изминатата година има зголемување на семејното насилство, официјална Анкара одлучи да се повлече од договорот, склучен во Истанбул под покровителство на Советот на Европа и потпишан од Турција во 2011 година.
– Правата на жените се загарантирани со нашите закони, особено со Уставот. Нашиот судски систем е доволно динамичен и силен за да спроведе нови законски мерки кога е потребно, рече министерот за семејство, труд и социјална политика, Зехра Зумрут.
Не се прецизирани причините зошто Турција одлучи да се повлече од меѓународниот договор.
Критичарите предупредуваат дека потегот на официјална Анкара дополнително ќе ја оддалечи Турција, која се стреми да влезе во ЕУ, од европските вредности.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа