Се урива нелегално изграден објект под Кале
Секторот за инспекциски работи на Општина Центар со механизација денеска отстранува нелегално изграден објект на улица „Лазар Личеноски“ бб под Кале.
– Се отстранува градба на улица „Лазар Личеноски“ бб во Општина Центар, објект кој се наоѓа веднаш под Калето. Инвеститорот на објектот не постапил по претходното издаденото решение за самостојно отстранување на објектот и согласно член 59 и член 134 став 1 од Законот за градење и член 24 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, Општината пристапи кон присилно отстранување, соопштија од прес-службата на Општина Центар.

Објектот кој денеска се отстранува, велат од општината, е објект од втора категорија, Б4 – деловен простор, изграден од армирано бетонска конструкција и блок тули, бил претходно делумно урнат со присилно административно извршување по решение на градежен инспектор.
Општина Центар упатува апел до инвеститорите да постапуваат по издадените решенија од општинскиот Сектор за инспекциски работи за отстранување на градбите, затоа што, како што велат, во спротивно присилно ќе бидат извршени, а трошокот ќе падне на товар на инвеститорите.
Ново на Сител
-

Според најновиот индекс македонскиот пасош е подобро рангиран од Албанија, БиХ и Турција
-

Путин: Меѓународната ситуација се влошува, светот станува сè поопасен
-

Општина Кавадарци повика заинтересираните да се пријават за Водици
-

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Барселона поради закана со бомба на патник
-

ЕУ воспостави нов механизам за ограничување на цената на руската нафта
-

Лабрадор вклучен во терапевтскиот процес на Клиниката за психијатрија
-

Бруно Фернандеш нема да го напушти Манчестер јунајтед во јануари
-

Полска со порака до Трамп за Гренланд: Нападот на сојузниците би бил крај на светот каков што го знаеме
