Министерот Маричиќ потпиша правилник за зголемување на платите на судската полиција
Министерот за правда Бојан Маричиќ, во присуство на претставниците на УПОЗ и Независниот синдикат на судска полиција, го потпиша правилникот за зголемување на платите на судската полиција. Со ова се решава долгогодишниот проблем на овие службеници кои бараа зголемување на платите. Потпишувањето на правилникот е резултат на повеќе месечните преговори, информира Министерството за правда.
Со него се предвидува процентуално зголемување на платата во зависност од тоа во кој суд работат службениците. Зголемувањата изнесуваат од 8 отсто до18 отсто. Најголемо зголемување добиваат Основниот Кривичен и Основниот граѓански суд во Скопје.
-Министерот Маричиќ на УПОЗ и Независниот синдикат на судска полиција им се заблагодари за конструктивниот дијалог, потенцирајќи дека Министерството за правда се залага за севкупно подобрување на стандардот и условите во кои работи судската полиција, се вели во соопштението од Министерството за правда.
Претставниците на УПОЗ и Независниот синдикат на судска полицијана изразиле благодарност и задоволство што после многу апели и протести конечно се решил нивниот проблем. Тие на министерот му ја пренеле пораката дека ова за нив е значаен чекор, на кој гледаат како на конкретен чекор за решевање на нивните проблеми.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава