Македонија
23. February 2021 - 12:09

Обвинет во „Монструм“ тврди дека ги знае нарачателите и извршителите на петкратното убиство кај Смилковско

Фејзи Азири кој денеска беше осуден на 15 години затвор во повтореното судење за случајот „Монструм“, во судницата тврдеше дека поседува докази кои ги откриваат нарачателите на грозоморното убиство.

-Го повикувам државниот обвинител Јовески но и обвинителката Рускоска, да ме посетат во истражниот затвор во Шутка да им приложам докази за нарачателите на убиството, за организаторите, за помагачите со име и презиме и прецизни докази. 

Ако не ме повикаат за 10 дена, тие докази ќе ги дадам на јавноста, странските амбасади во земјава и меѓународниот фактор, рече во судницата Азири.

 

Зоран Јаневски