Комбе на Царината се преврте на автопатот кај Петровец, тројца повредени цариници
Утрово во 7 и 15 часот на автопатот Петровец – Скопје, веднаш после одвојувањето на автопатот кон обиколницата или кон Скопје, дошло до сообраќајна незгода.
Комбе на Македонската Царина се превртело на патот. Во моментот на несреќата комбето превезувало и било полно со цариници.
Според првичните информации од МВР во несреќата се повредени 3 цариници кои се префрлени во болниците во Скопје. Еден е префрлен во ГОБ а двајца во клиничкиот центар. Нема информации за какви повреди станува збор.
При превртувањето комбето го блокираше патот при што дојде до застој во сообраќајот. На лице место е излезена увидна екипа на МВР.
Нема информации што ја предизвикало несреќата. Се знае само дека друго возило не учествувало во незгодата.
Голема сообраќајка – Комбе на Царина превртено на местото каде загина Младенов (Фото МКД.мк)
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава