Македонија
12. January 2021 - 17:12

Апел за помош на прилепчанката Петкана Цветковска

Пред 4 години починала нејзината ќерка, а пред само 6 месеци нејзиниот син и мајка, сега живее комплетно сама, без никаква помош од никого, со месечен од приход од само 3.000 денари кои ги добива како социјална помош и 1.000 денари помош за плаќање на енергенси. Петкана Цветкоска од Прилеп со лелек и траорно плачење вели дека неможе повеќе да издржи да живее вака. Нема пари да си ги плати сите сметки, на врата и тропаат извршители, а за јаде тогаш кога некој ќе и донесе.

„Колата ја продадов, имав кола ја продадов за да ги закопам мајка ми и син ми. А сега нема пари свеќа да појдам да му запалам. Живеам од помош, барам помош, било каква да ми се помогни“, истакна Петкана Цветкоска. 

Иако се обраќала до државните институции вели дека не добила никаква помош. Била одбиена и за нега, а парична помош не добила ниту од Општината.

„Во Општина отидов ништо не мии помогнаа кога почина син ми. Ми ветија дека ќе ми дадат пари, но не ми дадоа. Во социјални грижи отидов ми ветија дека ќе ми дадат за закопот на мајка ми и син ми, до ден денес банка ми немаат дадено“, вели Цветкоска.

Од Центарот за социјални работи велат дека таа добива се што е во согчасност со законската регулатива. Лани во октомври имала некаков мал приход затоа 3 месеци помошта од 6.000 и е намалена на 3.000 денари. Нејзината болест пак стент на срце и тромбоза не спаѓала во категоријата за добивање на нега. Имала добиено и еднократна парична помош. Засега единствена поддршкка која ја добива е од здружението „Надеж за сите“ од каде апелираат за итна помош.

„Ние како Здружение помагаме за храна, но ние не сме финансиски спремни за да и обезбедиме подобар живот. Цело време сме покрај неа, жената е со негативни мисли, така што ве замолуваме да помогнеме да не го изгубиме и овој живот. Таа изгубила 2 чеда и мајка, но немора да ја изгубиме и неа“, истакна Билјана Глигорова, Здружение „Надеж за сите“.