Рама: Најлошото со пандемијата е зад нас
Албанскиот премиер Еди Рама е убеден дека најлошото со пандемијата на коронавирусот веќе поминало. Објавувајќи видео од неколку инвестиции во болници кои ги посетил заедно со министерката за здравство, Огерта Манастирлиу, Рама е голем оптимист за оваа година.
– Верувајте ми, го оставивме најлошото зад нас, го имаме најдоброто пред нас. Албанија се насмевнува, истакна Рама. Во меѓувреме и податоците на Министертвото за здравство и социјална заштита потврдуваат намалување на бројот на новозаразени во првите два дена од оваа година.
– Во изминатите 48 часа направени се 2.883 тестови, при што позитивен резултат е добиен кај 675 лица, што е 23,4 отсто од тестираните. Истовремено, борбата со опасниот вирус ја загубија девет пациенти. Во списокот на оздравени се внесени 719 лица додека во четирите ковид болници се третираат 293 паценти, 21 на интензивна терапија, од нив петмина се интубирани, се наведува во збирниот дводневен извештај на Минстерството.
Премиерот Рама во петокот информираше дека се обезбедени првите 500.000 дози на вакцината од компанијата Фајзер, а првите 10.750 вакцини од овој договор ќе пристигнат на почетокот на третата недела од јануари. Прво, рече тој, ќе бидат вакцинирани здравствените работници во Албанија, како и оние во ковид болницата во Приштина.
Ново на Сител
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Основците по неколку часа на ден гледаат содржини на телефон, до осмо одделение речиси престануваат да читаат книги
-

„Онкологија“: Вештакот од Србија укажува на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите
-

Случај „Ивана и Катја“: Стојанче барал 30.000 евра за да се повлече од станот, сведочеше братот на Ивана
-

Иран погуби младо момче кое учествувало во антивладините протести
-

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
