Македонија
26. December 2020 - 9:06

СДСМ: Преку „Акција 21“ се искористуваат сите економски потенцијали, посветени сме на развојна, стабилна и европска економија

Како врвни приоритет на новата стратешка рамка „Акција 21“ со која Владата предводена од СДСМ се поставуваат заложбите за отворање можности за нови економски потенцијали.

СДСМ како одговорна партија, цврсто е поставена на европскиот пат, врамени во „Акција 21” , со што Европа ја носиме дома.

Во таа насока се постапките за измени или дополнувања на Законот за данок на имот, на законските можности за легализирање на автомобилите со странски таблички, како и за можностите за стимулирање и погодности за ставање во функција на кеш парите коишто граѓаните ги чуваат дома или на парите од заштеда или добивка.

Канабисот како една од најдинамичните индустрии во светот. Покрај придонесот во лекувањето на одредени болести, оваа индустрија во нашата земја веќе отвора илјадници добро платени работни места и токму затоа и понатаму е потребна поддршка на компаниите кои влегуваат во овој бизнис, а според проценките, годишниот прилив на средства од оваа дејност е предвиден на околу 250 милиони евра.

Исто така, следува и приватизација на државното земјоделско земјиште, согласно строго утврдени критериуми. Според анализите, земјоделското земјиште по пазарни цени што е во државна сопственост вреди повеќе од 2 милијарди евра, а се очекува прилив од 200 до 300 милиони евра или 10 до 12% од тоа што би се продало согласно интересот на граѓаните и на домашните компании.

СДСМ е целосно посветена на овозможување на подобар живот на секој граѓанин, нови можности за развојна, силна и стабилна економија, грижа и просперитет во секоја сфера.