Вакцинацијата во Србија почнува наредната недела
Државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Ѓерлек, денес изјави дека првата вакцинација против коронавирусот ќе биде во текот на следната недела, јави дописникот на МИА од Белград.
Ѓерлек посочи дека денеска е голем ден за Србија во борбата против коронавирусот, откако пристигнал првиот контингент од 4.875 дози вакцини „Фајзер“, и дека државата прави се за да го исполни ветеното.
-Постои голема веројатност дека и во наредниот период ќе добиеме вакцини колку што е потребно, за да се постигне колективен имунитет и да се започне нормално да се живее, кажа Ѓерлек.
Тој потенцираше дека по пристигнувањето на вакцината се следи протоколот за ладен ланец, што подразбира нивно сместување во фрижидери на минус 80.
Според него, имунизацијата ќе почне кога Агенцијата за лекови и медицински средства (АЛИМС) ќе ја издаде дозволата, наведувајќи дека тоа се очекува до крајот на неделава, а во меѓувреме се врши едукација на здравствените работници за вакцинација.
На прашањето кој прв ќе ја прими вакцината, Ѓерлек кажа дека седницата на координативниот тим е се уште во тек и дека до крајот на денот ќе се знае кој ќе биде првиот што ќе ја прими вакцината, бидејќи пристигнале 4.875 дози.
-Важно е дека вакцината е пристигната и дека имунизацијата најверојатно ќе започне следната недела, што е голем успех за Србија, нагласи Ѓерлек.
Тој додаде дека до крајот на јануари се очекуваат уште 21.000 дози на вакцина, бидејќи АЛИМС дал дозвола за увоз на 24.000 дози.
Тој посочи и дека се уште се водат интензивни разговори со Русите за вакцината „Спутник V“ и со Кинезите за нивната вакцина, истакнавајќи дека Србија е една од ретките земји што добила вакцина против ковид за толку краток период, а на прашањето како Србија ги добила вакцините, Ѓерлек се извини и рече дека не е компетентен за тие прашања.
Ново на Сител
-
Николоски: Бугарија работи на алтернативна пруга на Коридор 10 и затоа е важно ние што поскоро да изградиме брза пруга
-
Зеленски соопшти дека седум луѓе, меѓу кои и едно дете, загинале во руски напад во североисточна Украина
-
Во Грузија судири меѓу демонстрантите и полицијата, уапсени најмалку десет лица
-
Како ракети со долг дострел што ја гаѓаат Русија можат да влијаат на војната во Украина
-
Во Берово најстудено, -6 степени
-
Почнува амандманска расправа за Предлог - буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет
-
Муцунски и Борел ќе потпишат Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Промоција на видео „Да го прекинеме кругот на врсничкото насилство!”