Бугарија ќе почне со вакцинација против коронавирус на 27 декември
На 24 декември сите камиони со вакцини заминуваат од Белгија кон сите европски земји. Веројатно или на 25-ти навечер или на 26-ти наутро Бугарија ќе биде подготвена да го пречека камионот во Софија, изјави за БНТ државниот здравствен инспектор Ангел Кунчев.
– Ќе започнеме на 27 декември во Софија, Пловдив и Бургас. Ќе опфатиме околу 5.000 здравствени работници. Ќе пристигнат 10.000 дози, но ќе покриеме 5.000 лица, бидејќи сакаме да се осигураме дека втората доза е резервирана за нив, појасни Кунчев.
– Во првата недела од јануари ќе добиеме 52.000 дози, плус 5000 подоцна, што е нашата квота во јануари. За февруари, бројот е близу 90.000, а од март натаму до 150, 200 и 300.000 дози. Вакцините се многу тежок производ, а контролата врз нивното производство е драконска. Ако има дури и најмали отстапувања, можно е индивидуалните серии да бидат запрени или одложени, рече тој.
Во однос на вакцината Модерна – таа оди по стапките на Бионтек, тие го доставија комплетниот пакет документи до Европската агенција за лекови и се очекува по препораките и одобрувањето да ги имаме нивните количини до крајот на месецот, потенцира бугарскиот инспектор.
Тој изрази надеж дека вакцината Астра Зенека ќе биде лансирана најдоцна до февруари.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен