Борел: Владеењето на правото приоритет на новите власти во Црна Гора
Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, синоќа преку видео повик разговараше со црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, вицепремиерот Дритан Абазовиќ, министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ и претседателот на Парламентот, Алекс Бечиќ, соопшти Европската служба за надворешни работи.
Во писмената изјава се наведува дека Борел му честитал на новото политичко раководство на Црна Гора и ја поздравува нивната посветеност на реформската агенда на патот кон ЕУ.
„Борел подвлече дека следните месеци треба да се искористат за напредок во политичките реформи, особено во областа на владеењето на правото“, наведува ЕЕАС.
Се додава дека Жосеп Борел го поздравил целосното усогласување на Црна Гора со позициите на надворешната и безбедносната политика на ЕУ и изрази благодарност за придонесот на Црна Гора во мисиите и операциите на ЕУ.
Ново на Сител
-
Предлог-буџетот за 2025 на собраниската седница закажана за 10 декември
-
Винисиус сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија
-
При претрес во Радовиш, пронајдена дрога, пушка и муниција
-
Променливо време со повремен дожд и ветер до крајот на неделава
-
СДСМ и натаму бара лидерска средба
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ниту лидерска средба, ниту Заев нема да го направат Филипче лидер на опозиција
-
Кошта : Иднината на Западен Балкан е во ЕУ
-
Скопје и утрово најзагаден град во Европа