Гејтс: Состојбата се очекува да се нормализира до пролет
Бил Гејтс, коосновач на „Мајкрософт“ и еден од најбогатите луѓе во светот, очекува дека состојбата во Соединетите Американски Држави, со појавата на „ветувачки вакцини“ и терапија за Ковид-19, ќе се врати во нормала до пролетта следната година.
– Следните четири или пет месеци ќе бидат доста тешки, освен ако не ги удвоиме нашите напори и не станеме сериозни, изјави Гејтс за Ен-Би-Си Њуз.
Тој истакна дека само одговорното однесување може да придонесе за сузбивање на пандемијата и додаде дека затоа е потребно дополнително да се намали бројот на физички контакти и да се носи заштитна маска секаде каде што постои ризик од инфекција.
Гејтс смета дека епидемиолошката состојба ќе се подобри со помош на напредни медицински третмани и, како што рече, „неверојатните“ вакцини.
Тој се надева дека луѓето кои се во дилема дали да примат вакцина против коронавирус ќе бидат поохрабрени по податоците за позитивните искуства и дека тоа навистина помага.
Ново на Сител
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“
-
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид, повредени три лица
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани
-
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие