Македонија
3. November 2020 - 19:25

Драматична состојбата во домот за стари лица

Нови позитивни на Ковид 19 во хосписот „Сју Рајдер“ во Битола. Од вчерашните 17 брисеви земени од пациенти, 11 се позитивни на Ковид 19, информираат од Центарот за јавно здравје Битола. Со денешните нови случаи, вкупниот број на позитивни во хосписот изнесува 23 пациенти.

-Денес се земени уште 13 брисеви од пациенти и 7 од вработени кои имаат лесни симптоми и лесна клиничка слика. За среќа сите се со лесна клиничка слика имаат само покачена температура, болки во мускулите и зглобовите, засега состојбата е стабилна, вели д-р Елизабета Крстева, директор на Центар за јавно здравје Битола.

Во оваа установа се сместени тешко болни и неподвижни лица. Од почетокот на ковид пандемијата посетите се забранети и за семејствата и за сите надворешни лица лица. Во хосписот

„Сју Рајдер“ во Битола згрижен е 61 пациент и има 49 вработени.

-Засега само 7 од вработените се со лесна симптоматологија, земени се брисеви и неколку денови се во домашна изолација додека ги чекаат резултатите. Со оглед на тоа што се лежечки пациенти кои не излегуваат и посети се забранети, најверојатно од некој од персоналот. Инаку во болницата се преземени сите мерки, изолација, посебен кадар кој се грижи за позитивните, посебен кадар кој се грижи за другите кои немаат симптоми, истакна д-р Крстева.

Во установата има црвена зона каде се сместуваат позитивните пациенти и портокалова зона каде се сместуваат сомнителните за кои се чекаат резултати.