Кривична за скопјанец за измама преку социјалните мрежи во вредност од 89.350 денари
На 20.10.2020 СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ф.М. од Скопје, за постоење основано сомнение дека пријавениот во повеќе наврати врз повеќе лица сторил кривично дело „измама“ по чл.247 од Кривичниот законик. Имено, преку социјалните мрежи пријавеното лице објавило огласи за продажба на апарати - бела техника, коишто не ги поседува и со измама ги довел во заблуда оштетените лица, стекнувајќи се со противправна имотна корист во вкупна вредност од 89.350 денари.
Од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал беа преземени соодветни мерки и активности, како и претрес на домот на осомничениот и по обезбедувањето на доказите и целосното документирање на случајот до надлежното Основно јавно обвинителство е поднесена кривична пријава за стореното кривично дело „измама“ по чл.247, извршено од Ф.М.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o