Мета: Зголемено производство на канабис во изборна година е позната традиција
Албанскиот претседател Илир Мета обвини дека зголемено прозводство на канабис во изборни години е традиција, позната како „средство за искористување на криминалните групи за преземање контрола врз изборите“.
Тој додаде дека поради недостиг на поддршка од државата за земјоделството, сточарството и слично, тие се принудени да се стават на располагање на овие групи.
– Експлозијата на канабис во изборната година е позната традиција што се користи како средство за профит за криминалните групи кои ја преземаат контролата на изборите во одредени изборни единици, но и како средство за уцена на многу страдалници кои во отсуство на државна поддршка за земјоделски активности, сточарството, агробизнисот и агротуризмот, се принудени да станат работници на овие криминални групи, обвини Мета во објава на Фејсбук.
Тој обвини и дека вистинските газди не се апсат туку за „замаглување очи се апсат недолжни постари лица“.
– Вистинските газди се недопрливи, но затоа честопати за да се измислат статистички податоци, стари жени и мажи, се уапсени како структурирана криминална група, напиша Мета.
Албанската полиција тврди дека засадувањето и одгледувањето канабис во земјата е намалено, обвинувајќи ги медиумите,,кои го тврдат спротивното, дека објавуваат снимки и фотографии од архива.
Ново на Сител
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ