Свет
1. October 2020 - 11:44

Во Русија рекордни 9.000 новозаболени од Ковид-19

Во последните 24 часа во Русија се пријавени скоро 9.000 случаи на зараза, што е рекорден број на заболени во еден ден од 12 јуни.

Според последните податоци починале уште 169 заболени, со што вкупниот број починати од Ковид-19 достигнал 20.891, пренесува агенцијата ТАСС.

Така, вкупниот број на заболени во Русија сега е 1.185.231. Според податоците на кризниот центар, во последните 24 часа закрепнале уште 5.985 лица, а со коронавирусот се бореле вкупно 964.242 лица.