УСПЕШНО ОДРЖАНА ПЛАНИНСКАТА ТРКА „ОХРИД УЛТРА-ТРЕИЛ“ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ГАЛИЧИЦА
Во овие невообичаени времиња кога нашето секојдневние е нарушено, многу спортски настани се откажаа насекаде низ светот. На големо задоволство и радост на оние кои активно се занимаваат со спортови во природа, трката во планинско трчање Охрид Ултра-Треил® се одржa од 18-20 септември 2020 година во Националниот Парк Галичица, Преспанско-Охридскиот регион.
„Ова е второ издание на Охрид Ултра-Треил кое го сочинува 3 планински трки со различни должини од 18км, 66км и 107 км пред настанот своето учество го потврдија точно 300 натпреварувачи од 24 земји“ - појасни директорот на настанот Дејан Крле.
„Стотката“, како што планинските тркачи ја нарекуваат жаргонски, е трката - знаменосец и почна од Кејот Македонија во центарот на Охрид, во 23 часот на 18 септември, петок. 40 натпреварувачи втрчаа во оваа авантура најпрво низ стариот дел на градот - варошот, преку Самоиловата тврдина па покрај туристичкиот симбол на нашата земја - Канео. Потоа, во текот на ноќта минуваа по макадамски патишта во пониските делови на планината Галичица низ сите села и населби кон живописниот манастир Св.Наум на јужната страна на брегот од Охридското Езеро.
Таму, во рана зора, на 19 септември, сабота, во спокојот на изворите на реката Црн Дрим, им се придружија 47 учесници кои стартуваа на втората трка „Галичица Ултра“- на едно незаборавно патешествие од 66 км. Заедничката маршрута го следи главното било во срцето на Националниот Парк Галичица, откривајќи чудесни пејсажи кон двете езера Преспанското и Охридското – истовремено.
Третата трка – „Летница Треил“ – ја стартуваа 152 натпреварувачи во 10 часот во сабота на 19 септември од селото Рамне и понуди релативно кратка но еуфорична планинска дистанца од 18 км.
Маршрутите на сите трки се соединуваат над селото Велестово и вкупно 205 планински тркачи успешно завршија на целта во Охрид на Кејот Македонија.
Охрид Ултра-Треил® е меѓународна планинска трка која е организирана од здруженијата „ТРЕКС“ од Скопје и „Спорт за сите - сите за спорт“ од Охрид, по безбедносни критериуми според ITRA (International Trail Running Association www.itra.run) каде сите финишери се стекнуваат со квалификациски поени за најпозната светска трка во планинско трчање Ultra Trail du Mont Blanc® на Алпите. Настанот беше поддржан од Претседателот на Републиката, Г-динот Пендаровски и е под покровителство од Преспа-Охрид Нејчр Траст (ПОНТ), Општина Охрид, Агенција за млади и спорт, Делегација на Европската Унија во Р.С. Македонија.
Победници Охрид Ултра-Треил 107км
Мажи
1. Грегор Хаин (Австрија)
2. Жикица Ивановски (Македонија)
3. Gentian Likaj (Косово)
Жени
1. Аринета Мула (Косово)
2. Сања Најдовски (Македонија)
3. Ута Ибрахими (Косово)
Победници Галичица Ултра 66км
Мажи
1. Дејан Ангелоски (Македонија)
2. Антонио Каранфилоски (Македонија)
3. Александар Еленин (Македонија)
Жени
1. Ерида Куршумлија (Косово)
2. Ивана Пекевска (Македонија)
3. Бисера Николовска (Македонија)
Победници Летница Треил 18км
Мажи
1. Илија Пајмаковски (Македонија)
2. Златко Николов (Македонија)
3. Марио Котески (Македонија)
Жени
1. Марија Пеликон (Македонија)
2. Талија Петреска (Македонија)
3. Ивана Настовска (Македонија)
Ново на Сител
-
Меџити ја претстави Планската програма за почист воздух 2024-2030
-
Пронајдена почината британка на улица во Скопје
-
Под истрага 18 членови на „Беланоца – Барон“
-
Претседателката Сиљановска Давкова го прими специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич
-
ДСЗИ со вонреден инспекциски надзор за починатото седуммесечно бебе
-
Тошковски: Кривична пријава за поранешниот премиер и вицепремиер
-
Седуммечесно бебе почина на Детската клиника
-
Финансиски соработник во СОЗР осомничен за злоупотреба на службената положба, 23 други лица осомничени за прикривање