Македонија
2. September 2024 - 7:47

Јаневска на првиот училишен ден во ОУ „Стив Наумов“ во Автокоманда

По повод почетокот на новата учебна година денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе го посети Основното училиште „Стив Наумов“ во општина Гази Баба.

Од Општина Гази Баба најавија дека на приемот на првачињата во Општинското основно училиште „Стив Наумов“ во Автокоманда ќе присуствуваат и премиерот Христијан Мицкоски и градоначалниот на оваа општина Бобан Стефковски.