Тихановскаја: Секоја помош од европските земји е важна за Белорусија
Неформалната лидерка на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја, денеска е во посета на ЕУ институциите.
Таа претпладнево се сретна со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли. Во куса изјава за медиумите по средбата, Тихановскаја ги повика земјите на ЕУ и целата меѓународна заедница да го поддржат народот во Белорусија и да не го признаваат Александар Лукашенко како претседател на државата.
-Мојата земја е во длабока политичка криза, рече Тихановскаја, секој ден народот се бори на улица за нова иднина за Белорусија откако беа украдени изборите, гледаме дека Лукашенко не сака дијалог со нас како што побаравме, и секоја помош од европските земји или било која соседна земја е многу важна, рече опозиционерката.
Таа му се заблагодари на Европскиот Парламент за поддршката изразена преку резолуција со која се поддржуваат демонстрантите во Белорусија и се бара веднаш ослободување на сите политички затвореници.
-Бараме од меѓународната заедница да не го признаваат легитимитетот на Лукашенко, тој не е легитимен во очите на белорускиот народ, барам од сите да бидат гласни за ситуацијата во нашата земја, нашата земја е важна, секој човек во нашата земја е важен, само со таа поддршка ќе можеме да се избориме за демократска Белорусија, изјави Тихановскаја по средбата со Сасоли.
Лидерката на опозицијата ќе се сретне и со министрите за надворешни работи на ЕУ кои денеска во Брисел имаат Совет за надворешни работи, но засега не успеале да се договорат за санкции против режимот во Белорусија и покрај тоа што веќе 44 дена траат протестите на улиците во Минск.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло