Нов бран на корона вирусот: Европа руши рекорди – се повеќе инфицирани и во Македонија
Нов бран на корона вирусот во пресрет на есента во цела Европа. Во текот на вчерашниот ден, само во Франција се регистрирани над 10.000 нови случаи. Повеќе од 6.000 новозразени има во Русија, нешто под 4.000 во Велика Британија.
Во регионот вчера најлоша статистика имаше Црна Гора. Земјата која имаше најдобри бројки во регионот сега урива негативни рекордни. Во текот на вчерашниот ден корона статистиката ја надополниле 714 нови случаи и двајца починати.
211 нови случаи и петмина починати вчера се регистрирани и во Босна И Херцеговина. Следи Хрватска со 197 случаи и Македонија со 178. Најдобри бројки вчера имала Србија каде во претходните 24 часа се регистрирани само 68 жртви, а едно лице починало.
Во Македонија најмногу нови случаи очекувано има во Скопје, но загрижува растот на случаи на југоистокот на земјата како и пополнувањето на болничките капацитети.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 154, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Во скопските болници хоспитализирани се вкупно 119 пациенти од кои еден е на респиратор.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-

Дебарчанец почина откако паднал од зграда каде работел
-

Одрон на автопатот Скопје - Велес, поплави во Крушевско и забрана за камиони на патот Струга – Ќафасан
-

Приведени две Бугарки во Скопје, краделе паричници и банкарски картички, успеале да одземат околу 134,000 денари
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, сите правци проодни
-

Мицкоски: Наш приоритет не се изборите, туку реформите и проектите
-

Николоски: На ниво на држава сите патни правци се проодни и никаде нема застој
-

Лидерот на опозицијата во Гренланд повика на директни преговори со САД за статусот, без Данска
-

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари
