Џеф Безос е првиот човек во историјата со богатство од повеќе од 200 милијарди долари

Сопственикот на компанијата „Амазон“, Џеф Безос е првиот човек во историјата со богатство од повеќе од 200 милијарди долари.
Според индексот на милијардери на „Блумберг“, Безос сега има 202 милијарди американски долари, што го прави 78 милијарди долари побогат од Бил Гејтс, ко-основач на „Мајкрософт“ и втор на листата на најбогати луѓе во светот.
Богатството на Џеф Безос во најголем дел се должи на уделот во акциите на компанијата, чија цена постојано растеше во изминатите години, особено во последните две години, пренесува „Блумберг“.
Во 2018 година, тој стана најбогат човек во современата историја, а неговото богатство тогаш се проценуваше на 150 милијарди долари.
Акциите на „Амазон“ достигнаа највисоко ниво на финансискиот пазар во април годинава, кога компанијата заработи стотици милијарди долари, а инвеститорите остварија профит од 86 проценти на инвестиции во компанијата на Безос.
„Амазон“ вреди 1,7 илјади милијарди американски долари и стана втората највредна американска компанија по „Ејпл“.
Ново на Сител
-

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
-

Муцунски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер
-

Уапсени седум лица, сузбиена организирана криминална група што недозволено тргувала со дрога | ФОТО
-

Намален бројот на ученици во основните училишта
-

Угостителски услуги во периодот јануари - март поскапеле за 3.0 % во однос на лани
-

Трамп за најавениот напад врз Иран: Вечерва ќе умре цела една цивилизација, која никогаш нема да се врати
-

Го оштетиле буџетот за 6,5 милиони евра, обвинети 25 лица меѓу кои службеници во УЈП
-

61 годишник натепал контролор на ЈСП откако го затекнал без билет
