Организиран криминал изврши претрес во ДИК и ја одзеде тендерската документација за софтверот
Основното јавно обвинителство за организиран криминал по допрен глас денеска влезе во Државната изборна комисија (ДИК), за да утврди дали има кривично дело при спроведување на тендерот за набавка на софтверот на оваа институција, потврдија за МИА од обвинителство.
Оттаму не потенцираа дали обвинителите се уште се присутни во ДИК, но посочија само дека при овој претрес е одземена тендерската документација, за да се утврди дали се почитувани законските постапки.
За разлика од другите изборни циклуси, на предвремените парламентарни избори одржани на 15 месецов ДИК не беше во можност електронски да ги соопшти резултатите од изборните единици.
Причината, како што информираа оттаму, беше хакерски упад на веб страната на ДИК, кој траеше и неколку дена после изборите.
Ново на Сител
-

Зеленски, Виткоф и Кушнер пристигнаа на преговори за Украина во Париз
-

Николоски: 40 километри од автопатот Охрид - Кичево се веќе во функција | ВИДЕО
-

Сиљановска Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж
-

Полициска потрага во кипарскиот град Лимасол по лицето кое го фатило светиот крст и побегнало
-

ЕК не го признава легитимитетот на Делси Родригез, но ќе се ангажира со венецуелските власти
-

Уапсени двајца членови на групата „Пинк Пантери“ за грабеж на златарница на Халкидики со „плен“ од над 500.000 евра
-

Лазаров ги одбра 19-мината кои ќе патуваат на ЕП 2026
-

Повеќе од 25.000 домаќинства во Берлин четири дена се без струја по нападот врз електричната мрежа
