Македонија
15. December 2015 - 10:29

Проекција на филмот „Збор“ на Слободан Деспотовски во Струмица

Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица вечер ќе биде прикажан долгометражниот игран филм „Збор“ снимен по сценарио и режија на Слободан Деспотовски.

Филмот ја раскажува приказната за Арно кој дал збор дека секогаш ќе му помага на својот пријател Горди. За Арно постои само еден закон - да си го одржи дадениот збор, единствено нешто по кое луѓето, според него, се разликуваат од животните.

Директор на фотографија е Дејан Димески, музиката е на Горан Трајковски. Во актерската екипа се: Сенко Велинов, Диме Илиев, Игор Стојчевски, Катерина Шехтанска, Ана Стојанова, Илбер Муртези, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски, Гораст Цветковски и Роберт Велјановски. 

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на РМ во соработка со Македонската радиотелевизија.