Доналд Трамп со поддршка од 41 отсто од републиканските гласачи

Американскиот милијардер и фаворит за претседателски кандидат на Републиканската партија, Доналд Трамп, ја зголеми својата поддршка меѓу гласачите-републиканци, покажува најновата анкета што ја спроведоа телевизијата Ен-Би-Си и весникот „Волстрит Џурнал“.
Истражувањето, направено на ниво на целата земја меѓу републиканските гласачи, покажува дека Трамп сега има поддршка на 41 отсто од анкетираните.
На претходното испитување спроведено во октомври, поддршката за Трамп меѓу републиканските гласачи изнесуваше 28 отсто.
Според последната анкета, спроведена меѓу 10 и 13 декември, на второ место е сенаторот од Тексас, Тед Круз со поддршка од 14 отсто, трет е сенаторот Марко Рубио со 10 отсто, а четврти е поранешниот неврохирург Бен Карсон, кој сега ја има поддршката на девет отсто од гласачкото тело на републиканците.
Во споредба со октомври, Круз и Рубио бележат раст од по четири отсто, додека Карсон загуби девет проценти од поддршката што досега ја имаше.
Другите 11 претенденти, далеку заостануваат и тие сите заедно имаат вкупна поддршка помала од 10 отсто.
Податоците за најновиот рејтинг на претендентите за номинација на Републиканската партија за претседателски кандидат на изборите во 2016, доаѓа пред денешната нова дебата што е закажана во Лас Вегас.
Трамп води во речиси сите досегашни анкети уште од летото, а единствено Тед Круз еднаш „опасно“ му се приближи на контролниот рејтинг направен во сојузната држава Ајова.
И покрај уверливото водство, Трамп и натаму се соочува со можноста да не ја добие номинацијата, поради неговата контроверзна изјава за потребата привремено да им се забрани влез на муслиманите во САД.
Во текот на викендот Трамп се закани дека би можел на изборите догодина да се појави како независен кандидат и на тој начин да предизвика расцеп на републиканското гласачко тело.
Ново на Сител
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
-

Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
-

Ќерката на Гоце Тодоровски: Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, сега барем знам дека сте заедно
-

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
-

МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите – резултат за 10 минути
