Вук Јеремиќ го напушта опозицискиот Сојуз за Србија

Народната партија на Вук Јеремиќ изгласала напуштање на заедничката советничка група на Сојузот за Србија (СзС) и во иднина ќе настапува самостојно во Собранието на Град Белград, дознава Нова.рс од свои извори.
Според изворот на порталот, на ваквата одлука се спротивставило дел од членството на партијата, меѓу кои е и шефот на СзС во Градското собрание, Никола Јовановиќ.
Како што наведува изворот, Главниот комитет на Народната партија, кој е планиран за денеска, бил одложен за понатаму.
– Според информациите кои ги добив, причина се поделените мислења меѓу претседателот на партијата Вук Јеремиќ и шефот на советничката група на СзС во Белград, Никола Јовановиќ. Тие не се согласуваат околу начинот како треба да изгледа настапот на нашата советничка група во Градското собрание. Вук смета дека Народната партија мора да оди самостојно, додека Никола исклучиво заговара единство на опозицијата, вели изворот, кој е член на Главниот комитет на Народната партија.
Тој потврдно одговори на прашањето дали е точно дека во текот на одржувањето на седницата на белградскиот Комитет на Народната партија е организирано заедничко гласање за излез од советничката група на СзС и гласање доверба за Јеремиќ.
– Се гласаше за излез од советничката група на СзС во Белград и за доверба на лидерот на партијата. И тоа заедно. Мислам дека тоа не е фер. Мнозинството беше „за“, никој не се изјасни „против“, а неколку членови беа воздржани. Поради таквиот начин на гласање повеќето се спротивставија и се поделија. Би сакал да седнеме и да се договориме, бидејќи ние сме мала партија за да се делиме. Некои претходни случувања внатре во нашата организација ми покажуваат дека ова претставува вовед за излез од Сојузот за Србија, бидејќи не постои некаква љубов меѓу Јеремиќ и Драган Ѓилас, истакна соговорникот на порталот Нова.рс.
Ново на Сител
-

ЦУК: Крушево со заматена вода за пиење по поројните врнежи, службите интервенираат и во другите делови од земјата
-

Студен бран со снег и силен јужен ветер, најобилни врнежи во западните делови
-

ЈП Македонија пат: Сите патни правци во државата се проодни
-

Протестите во САД продолжуваат по смртоносното пукање врз жена во Минеаполис
-

Иран ги обвинува САД во ОН за насилните протести во Исламската Република
-

Трамп: Мора да го поседуваме Гренланд за да ги спречиме Русија и Кина да го земат
-

Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини
-

Претпладне повремени врнежи од дожд, попладне од снег
